ЖИТЕЛИТЕ НА КОЧАНИ ЈА ПОЧУСТВУВАА МОЌТА НА КОЧАНСКАТА ЕТНА

октомври 22, 2024
0 минути

Разгорената депонија над Кочани која слободно може да го добие прекарот Кочанска Етна во текот на вчерашниот ден го разгоре на највисока точка револтот кај жителите на Кочани.

Социјалните мрежи гореа бидејќи луѓето се свесно за последиците што ќе ги имаат при дишењето на загадениот и полн со отровни гасови воздух.

Е токму тоа од што се плашеа денес јавно го коментираа бидејќи поголемиот број почувствувале главоболка, некој напнатост во градниот кош а други се шалеа на континуирано кашлање.

Како изгледаше депонијата во синоќешните часови на некои нод фотографиите, а како изгледаше воздухот во раните утрински часови на патот кон Гратче со дополнителните фотографии.

Што и да се каже повеќе, се е кажано.

Парадоксот е што општината веќе година дена не издвојува средства за да ја санира отровната бомба над Кочани а веќе денес за да на некоја компанија и се наполнат џебовите на кочанчани им презентираа електричен автобус како превозно средство што не ја загадува природата. Ако се тие автобуси толку квалитетни Скопје одамна ќе ги набавеше бидејќи тоа им беше ветено на жителите за време на кампањата во Локалните избори.

Но се додека живееме во време на илузионисти а не на практичари ова ќе ни се случува.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ