ПРИЈАВИЛ ДЕКА ВО СЕМЕЈНИОТ ДОМ ГО ПРОНАШОЛ ПОЧИНАТИОТ БРАТ

април 27, 2024
1 минути

На 26.04.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Кочани е пријавено дека во семејниот дом во Кочани, околу 09.30-10.00 часот, З.Ф.(52) го пронашол починат својот брат Ѓ.Ф.(50), двајцата од Кочани. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош Кочани. По насоки на надлежен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Соопштение на СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ