ОД ЗАПАЛЕНО СТРНИШТЕ ГОЛЕМ ШУМСКИ ПОЖАР БЕСНЕЕ КАЈ ЖИГАНЦИ

септември 26, 2023
1 минути

Како што дознаваме голем шумски пожар беснее кај селата Жиганци, Новоселани и Лепопелци.

Линијата на пожарот е долга а на терен се излезени комплетната екипа на Територијалната Противпожарна Единица – Кочани со 5 возила и 8 доброволци со едно возило.

Горат стрништа, сува трева и ниско стеблеста шума.

Во моментот пожарот е активен па дел од екипите присутни на теренот го гаснат пожарот, а дел го чуваат манастирот „Света Петка“, како и други објекти: трла, штали.

Дознаваме дека човечки фактор е причините за пожарот а се започнало од запалено стрниште.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ