ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ОПШТИНА ЗРНОВЦИ

октомври 27, 2021
1 минути

Денес во салата на Советот на Општина Зрновци беше извршен чинот на свеченото примопредавање на функцијата Градоначалник.

Најпрви свое обраќање имаше досегашниот Градоначалник на Општина Зрновци Блаже Станков кој најпрви има се заблагодари на сите негови соработници со кои заедно работеа за доброто на општината, потоа искажа и голема благодарност на населението во општината кое ги препозна политиките и проектите на партијата ВМРО ДПМНЕ и повторно му ја даде довербата на кандидатот од партијата. На крај Станков му го честиташе изборот на Борчо Коцев на функцијата Градоначалник, посакувајќи му добро здравје искажа и надеж дека сето тоа што го има како проект ветено во програмата и да го реализира.

 

Новоименуваниот градоначалник на Општина Зрновци, Борчо Коцев во своето прво обраќање изјави:

 

„Денес извршивме примопредавање на функцијата Градоначалник на општина Зрновци со досегашниот Градоначалник, господинот Блаже Станков.

Сакам да изразам огромна благодарност на сите граѓани на општина Зрновци кои што со својот глас ми ја дадоа довербата за избор на Градоначаник на општина Зрновци, како и обезбедување на мнозинството советници во советот на општина Зрновци од редовите на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Се чуствувам спремен и способен заедно со советниците во Советот на општина Зрновци, стручната служба вработена во Локалната самоуправа на општина Зрновци, како и локалните институции на општината да одговорам на задачите и обврските кои со себе ги носи оваа одговорна функција со посветено и домакинско работење.

Пред започнување на изборната кампања заедно со граѓаните на општина Зрновци изготвивме програма за работа на шеесетина страни со над 100 проекти, решенија и предлози за работа во 4 годишниот мандат.

Покрај тековните работи веднаш започнуваме со реализација на сегменти и проекти предвидени во програмата :

-изготвување на проектна и техничка документација за десетте приоритетните проекти

-дигитализација во локалната самоуправа

-анализа и испитување на два извора за геотермани води

-уредување на локалната депонија со ископ и вертикално оградување

-расчистување на полски патишта

– пошумување во текот на цел месец ноември

-уредување на дел од речните корита, превенција од зимски поплави

-уредување на простории за противпожарно друштво и иницијатива за формирање на истото

-воведување на дневен училишен престој за ученици од 1 до 3 одделение

-постапка за нови детални урбанистички планови

-стипендии за ученици од социјално ранливи семејства и деца на самохрани родители

-отварање на канцеларии за младите

-формирање на економски совет, совет на млади, совет на земјоделци и совет на угостители

-формирање на мобилна група волонтери за грижа на стари лица

-изготвување на програма и план за зимно расчистување и одржување на патишта улици и тротоари“.

С.  Ивановски