ПРИЗНАНИЈА И НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ОБЛЕШЕВО

јуни 19, 2024
1 минути

Крајот на учебната година во ООУ Климент Охридски –Облешево денес одбележана пригодно со доделување на свидетелства , пофалници и награди за најуспешните.

Класните раководители на полуматурантите им посакаа да  одберат средно училиште според своите постигања и таленти.

Директорот на училиштето Јорданче Костадинов на генерацијата 2015-2024г. им се заблагодари на учениците кои со своето 9 годишно присуство во училиштето, оставија позитивен впечаток и свој доприност во сите свери на образованието,а на најдобриот во оваа генерација Матеј Стоименов од с. Теранци му ја врачи наградата  од училиштето за ученик на генерација, која секоја година ја добива најдобриот ученик во 9-то одделение.

Во знакот  на оваа пригода ,Градоначалникот на општина Чешиново Облешево – Далибор Ангелов организираше прием во просториите на општината и им честиташе на најдобриот ученик на генерација . Исто така  приготви пријатни  изненадувања за освојувачите на првото место на државно ниво .Женската футсал  екипа од ООУ Климент Охридски-Облешево која под менторство на наставниците по ФЗО на 16-04 2024г го освои првото место. Градоначалникот Далибор Ангелов со искрени честитки на учениците им посака пред се  многу здравје и им се заблагодари што со своите  лични успеси се вистински репрезенти и позитивен пример за целата општина.  За  оваа признание од страна на градоначалникот и општината  целата женска екипа за мал фудбал ја  награди со спортски маички и покривање на трошоци за учество во спортскиот камп за најдобрите спортисти во државата  што се одржува од 24 до 29 јуни во хотел Истатов –Дојран.

ОУ „Климент Охридски“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ