Почитувани,
Со огромно задоволство сакме да ве информираме дека нашето училиште огранизираше голем настан во училишната спортска сала под мотото:,,Различноста е наша сила”.
Нашите ученици од училишниот спортски клуб,,Берни Спорт” заедно со дечињата со потешкотии во развојот кои секоја Сабота учествуваат во нашиот самостоен проект,,Час по физичка активност” имаа полигони и препреки кои ги совладуваа заедно како еден тим.
На кројот на сите ученици им доделивме -златни медали бидејќи сите тие се победници и пример како сите ние треба да живееме без предрасуди, Училишниот хор имаше свој настап кој ги воодешви присутните во салата и на крај нашите најважни алки а тоа се учениците и родителите играа футсал помеѓу себе.
Одличен настан во кој покажавме дека сме исти и дека разликите не се пречка, напротив тие не привлекуваат и се наши предности. Сите средства кои се собрани ќе бидат наменети за ресурсната соба во нашето училиште .Голема благодарност до:
-Наставниците по Физичко и здравствено образование!
-Училишниот хор со наставничката по Музичко воспитание!
-Училишниот Дефектолог!
-Наставничката по Ликовна уметност!
-Црвен крст-Кочани!
-Родителите на нашите ученици и родителите на дечињата со потешкотии во развојот!
-ОФС Кочани/Судиска организација
-Споnзорот за озвучуање!
ООУ,,Никола Карев”, Еден тим
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ