ПРОДОЛЖУВА УНИШТУВАЊЕТО НА ЗАЕДНИЧКИТЕ ДОБРА

март 15, 2022
0 минути

Наши сограѓани кои во последно време почнаа за шетање да го користат новиот кеј на „Кочанска река“,  од потегот на мостот кај Зебец кон „Бавчалук“ сношти беа изненадени од глетката.

Од стативот била извадена корпа за отпадоци и фрлена во реката, зошто само знае оној на кого заборавиле родителите да му кажат како треба да се однесува кога ќе излезе на улица.

Колку само штета се прави во ноќните часови можеме да замислиме. Се уништуваат заеднички добра, сношти оваа корпа за отпадоци, пред тоа реквизити од детските игралишта, клупите за седење, едноставно речиси се што ќе им дојде на дофат на „ноќните птици“ кои најчесто под дејство на алкохол или некоја друга супстанца слободно шетаат и уништуваат ама буквално сé.

Вака не оди, време е или да се преземат некои мерки за изнаоѓање и казнување на сторителите или да не се трошат пари за вакви убави нешта кои на некои поединци очигледно им сметаат.

С. Ивановски