ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА САНАЦИЈА НА ДЕФЕКТОТ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА

јуни 20, 2023
1 min read

Ги информираме корисниците дека настанатиот сериозен дефект на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани сеуште не е саниран.

Екипите на КЈП “Водовод” Кочани со сопствена механизација и работна сила, но и помогнати со значителна механизација од приватни стопанственици и Општина Кочани во текот на денот 19.06.2023 година (понеделник) и доцна во ноќта работеа на отклонување на дефектот.

Поради зголемениот водостој на Кочанска Река се работеше за да се обезбеди пристап до оштетената цевка со изместување на речното корито во делот каде што се наоѓа цевката.

Во текот на следниот ден 20.06.2023 година (вторник) ќе продолжат активностите и се надеваме дека сериозниот и комплексен дефект на цевководот за водоснабдување од висока зона ќе биде саниран во текот на денот, а корисниците ќе ја добијат услугата.

Бидејќи станува збор за сериозен и комплексен проблем, апелираме до граѓаните да имаат трпение и разбирање за настанатата ситуација. Исто така информираме дека цистерни со техничка вода се испратени на улиците на кои е прекинато водоснабдувањето.

КЈП „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ