ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ

мај 31, 2022
1 min read

Во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, денеска во Општина Кочани се одржа заедничка средба на која се спроведе анализа на капацитетот на самоодржливост на Општината.

При анализата се користеше алатка за самооценување на капацитетите на општинската администрација за управување со планирање и прибирање на општински извори на приход, управување со јавните финансии, планирање и прибирање на општински извори на приходи, управување со јавните финансии, планирање и извршување на буџетот, фискалната транспарентност и отчетност и други.

На средбата, претставниците на Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД заедно со градоначалникот Љупчо Папазов и раководителите на секторите, одделенијата и вработените од финансии и даноци во Општина Кочани, заеднички ги идентификуваа потенцијалните области за поддршка.

Следниот чекор ќе биде подготовка на сет од конкретни мерки чија цел ќе биде зголемување на ефикасноста во идентификуваните области.

Општина  Кочани