СПА-комплексот е важна инвестиција за општината, но се реализира врз основа на подготовки и визија на претходниот тим, а не на актуелниот в.д. Градоначалник.
Со вчерашната објава за јавно наддавање за продажба на државно земјиште за изградба на СПА-комплекс, в.д. Градоначалникот формално ја спроведува постапката за реализација на проект од големо значење за локалниот економски развој.
Тоа е за поздравување – но и за потсетување.
Имено, подготовката на проектот, урбанистичкото планирање, одлуките за пренамена и создавањето на услови за оваа инвестиција се резултат на долг процес воден од претходната администрација, стручните служби и советниците што ја поддржуваа иницијативата. Во таа фаза, актуелниот в.д. Градоначалник не покажа отворена поддршка, туку напротив, настапуваше скептично во однос на оправданоста на проектот, што е документирано и преку неговите променливо ставови во Советот на оваа тема.
Неговото презентирање на проектот како сопствен успех отвора прашања за политичка и морална доследност. Дополнително отвара и морални дилеми и прашања дали дел од новооткриената мотивација на в.д. градоначалникот е од лукративна природа?!
Сметаме дека е важно јавноста да биде точно информирана за потеклото и текот на важните локални проекти. Граѓаните имаат право да знаат кој вложи визија, труд и одговорност, а кој само формално се појавува во финалната фаза.
Нашата партија останува посветена на развојни проекти и ќе продолжи да работи транспарентно, со јасна визија и без потреба од присвојување на туѓ труд.
Општината може и мора подобро – со чесност, отчетност и континуитет.
ВМРО ДПМНЕ
Советничка група 23.05.2025
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ