Почитувани,
Категорично ги демантираме наводите изнесени во соопштението на ОО СДСМ Чешиново-Облешево, каде се инсинуира дека во општина Чешиново-Облешево службите го прикриваат настанот кога се случил локален пожар кој ја има зафатено и пречистителната станица во с.Кучичино.
За објективно информирање на јавноста известуваме дека случајот е евидентиран со внатрешен записник за констатација на фактичката состојба, и е пријавен во сите надлежни институции, при што се поведени постапки на вештачење и утврдување на причините за настанување на пожарот, како и изнаоѓање на евентуалните одговорни.
Загрижените политиканти од ОО СДСМ, ги покануваме да повелат во општината на увид во финансиските блокади, милионски камати и штетни договори кои се плаќаат и ќе се отплаќаат уште долго, благодарение на нивната „работа“ во претходниот мандат!
Со почит,
Општина Чешиново-Облешево