Со поставувањето на бекатон плочи на патеките покрај Кочанска река од последниот мост кон „Бавчалук“ проектот „Регулација на коритото на дел од Кочанска река“ почна полека да ја добива својата физиономија.
Според потпишаниот договор, изведувачот „АТП“ од Свети Николе треба да ги заврши комплетните работи до крајот на овој месец.
За потсетување само, проектот предвидува уредување на дел од коритото на Кочанска река во должина од 451 метар поточно од последниот мост па се до „Бавчалук“ а истиот е покриен со средства обезбедени од „Светска банка’ во висина од 10.614.838,00 денари и кофинансирање од Општина Кочани од 3.800.000,00 денари.
С. Ивановски