Се одиграа натпреварите од 19-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени.
Екипата на „Кочани“ на гостувањето во Тетово доживеа нов пораз, петнаесетти во ова првенство.
Доста возбудувања донесе натпреварот во кој минатогодишниот шампион „Љуботен“ со доста напори го совлада „СЦ Истатов„,
„Тиверија“ и „Деспина“ прокнижија три бода на гостувањата а во Македонска Каменица домаќинките беа подобри од Стружанки.
Резултати од 19-тото коло:
„Шкендија“ – „Кочани“ 3:1
„Каменица Саса“ – „Ас Јунајтед“ 2:0
„Борец“ – „Тиверија“ 0:10
„СЦ Истатов“ – „Љуботен“ 0:1
„Скопје 2014“ – „Деспина“ 0:2
Слободна во ова коло беше екипата на „Речица“.
С. Ивановски