СМЕТОТ ГО ПОКРИВА ГРАДОТ, ПРОБЛЕМОТ МОРА ДА ГО РЕШИ „ВОДОВОД“

мај 14, 2023
1 минути

Фотографиите се од денес, направени на паркинг просторот во Градскиот Трговски Центар во Кочани купишта смет.

И додека во комуналното претпријатие „Водовод“ во кое неодамна беа отпуштени од работа 65 вработени бидејќи им престанал договорат а поради ненавременото спроведување на тендерска постапка од вработен во службата за јавни набавки за избор на агенција за привремени вработувања, потпишувањето на договорите не оди со потребната динамика, градот ќе се покрива со смет.

Семејствата во Кочани со месечните сметки редовно си ги извршуваат обврските за собирање на сметот па редно е во претпријатието да си ги решат внатрешните проблеми  и сметот да се собира бидејќи загадувањето од ден на ден само ќе се зголемува.

Кога вака изгледа Централното градско подрачје, само може да се претпостави како е на периферијата од градот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ