Со одигрувањето на натпреварите од 18-тото коло заврши вториот дел во Прва Фудбалска Лига за жени.
Девојчињата на ЖФК „Кочани“ гостуваа во Битола каде беа поразени од домашната екипа на „Топ гол“ со 2:1, но бидејќи домаќинките настапиле на овој натпревар со три играчи кои немаат право на настап следувала жалба од кочанчанки. Комисијата по разгледувањето на доказите експресно реагирала и резултатот е регистриран 3:0 за „Кочани“.
Со оваа победа „Кочани“ ја помина екипата на „Топ гол“ на табелата и со реални шанси за опстанок во лигата ќе продолжи во третиот круг кој се игра веќе овој викенд а девојчињата на тренерот Оливер Јовановски ќе и гостуваа на екипата на „Љуботен“ која пак поради напуштање на натпреварот од 17-тото коло заработи казна со одземање на 9 бодови.
Резултати од 18-тото коло:
Топ гол – Кочани 0:3 (п.ф.)
Тиверија Брера – Ас Јунајтед 3:0
Љуботен – Вардар 3:0
Речица – Истатов 0:3
Скопје – Каменица Саса 2:0

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
