М-16 КОШАРКАРСКА ЛИГА

Во Спорт
април 28, 2022
1 минути

„БАСКЕТ  ДИНО  ДЕЛИКАТЕС“  –  „БАСКЕТ  КАМ“ 

67:43 (26:14; 13:09; 05:11; 23:09)

Во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани во рамките на М-16 Кошаркарската лига, „Баскет Дино Деликатес“ од Кочани го совлада „Баскет Кам“ од Македонска Каменица со резултат 67:43.

Кочанчани натпреварот го решија во првата и последната четвртина кога беа далеку подобри од гостите и на крајот сосема заслужено дојдоа до победата.

Најмногу кошеви кај домаќините постигна Лазарев 33, а по него следуваат: Крстев 9, Златков 8, Манев 8, Ефремов 4, Георгиев 3, Трајчов 2.

С. Ивановски