ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ЖФК „КОЧАНИ“ ГИ БАРА СПАСОНОСНИТЕ БОДОВИ

Во Спорт
мај 5, 2023
1 минути

За време на викендот се играат натпреварите од 18-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени.

Во недела со почеток во 16:00 часот на стадионот „Никола мантов“ во Кочани екипата на ЖФК „Кочани“ го игра натпреварот против  „СЦ Истатов“ во кој ќе ги бара спасоносните бодови за опстанок во лигата.

Мошне интересен ќе биде и натпреварот во Струга каде екипата на „Ас Јунајтед“ ќе ги пречека Прилепчанки. Во Македонска Каменица и во Струмица домаќинките се изразити фаворити исто како екипата на „Скопје 2014“ во Речица.

Двојки од 18-тото коло:

„Кочани“ – „СЦ Истатов“

„Ас Јунајтед“ – „Деспина“

„Речица“ – „Скопје 2014“

„Тиверија“ – „Шкендија“

„Каменица Саса“ – „Борец“

Слободна е екипата на „Љуботен“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ