ПРВО МЕСТО ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО БОРЕЊЕ У-15 НА ТУРНИРОТ ВО ЛАРИСА (ГРЦИЈА)

Во Спорт
мај 4, 2025
1 минути

Во конкуренција на десет репрезентации од Европа, Репрезентацијата на Македонија во борење слободен стил  У-15 го освои првото место во екипна конкуренција на големиот Меѓународен турнир кој од 02-04 Мај се одржа во Лариса (Грција).

Македонија на турнирот настапи со 15 натпреварувачи од кои 5 во женска и 10 во машка конкуренција и се закитија со 12 медали од кои 4 златни (1 во женска и 3 во машка конкуренција), 4 сребрени (1 во женска и 3 во машка конкуренција) и 4 бронзени (1 во женска и 3 во машка конкуренција).

Златниот медал го освоија: Теа Донева –  54 килограми, Лука Ананиев – 41 килограми, Абдулазиз Азизи – 52 килограми и Димитар Атанасов – 75 килограми. Освојувачи на сребрениот медал станаа: Изабела Зајков – 62 килограми, Дардан Бела-  57 килограми, Даријан Павлев – 68 килограми и Христијан Димитријев – 85 килограми, додека бронзените медали ги освоија: Спасија Василева – 50 килограми,  Ендрит Сулејмани – 38 килограми, Заим заими – 38 килограми, Матеј Трајков – 62 килограми. Мираџ Мустафа во категоријата до 48 килограми заврши како четврти.

Тренер на девојките беше марјан Христов, додека на момчињата тренери беа: Јасин резалари и Ријад реџепи. Игор Христов како судија од Македонија ја делеше правдата на душекот.

Со освоените 12 медали Македонија во екипна конкуренција заврши на првото место на пиедесталот а додека второто место го освоија репрезентативците на Грција пред третопласираната репрезентација на Молдавија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ