ПРВОТО НОВОРОДЕНЧЕ ВО КОЧАНИ ВО 2022 ГОДИНА Е ДЕВОЈЧЕ, ГОДИНАТА ЌЕ БИДЕ УБАВА

јануари 1, 2022
1 min read

На акушерското одделение при Општа Болница со проширена дејност во Кочани денес пред 15 часот се роди првото новороденче во 2022 година.

Новороденчето е девојче и е втора рожба на мајката Ивана Тасова.

Како што истакнува д-р Александар Серафимов – директор на Општа болница со проширена дејност, се работи за здраво женско дете со тежина од 3,4 килограми и 50 сантиметри должина. Породувањето го изврши гинекологот Илчо Атанасовски со асистенција на акушерките Катерина Ефремова и Милка Димитрова.

Среќната мајка и нејзиното бебе кои одлично се чувствуваат вечерва ги посети и Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.

Според верувањата годината треба да биде убава.

С. Ивановски