ПСК „ОСОГОВО“ – КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈОТ, 20 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Во Спорт
јуни 5, 2024
1 минути

Планинарски-спортскиот клуб „Осогово“ викендов на Пониква на дводневен настан го одбележа јубилејот 20 години постоење преку забавни и спортко – рекреативни содржини.

Во саботата доцна попладне и во вечерните часови на Пониква се одржа забава со диџеј, додека главниот натпреварувачки настан на натпреварувачки трки и рекреативно пешачење се оддржа во неделата.

Се трчаше на патека од лесен карактер во должина од 9 километри, од пред паркингот на одморалиштето на МВР преку манастирот „Св. Василиј“ до врвот Панаѓур на 1669 метри.

Патеката беше искористена и за рекреативно пешачење на кое учествуваа планирани почетници и вљубеници во природата. Втората трка од потежок карактер се реализираше од м.в Ивков Преслап до врвот на скијачката патека број 3.

На настанот присуствуваа гости од цела Македонија и беа доделени награди и благодарници на учесниците и поддржувачи.

ПСК „Осогово“- Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ