РАБОТЕН СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СЕКО

јануари 21, 2022
0 минути

Денеска во просториите на Општина Кочани се одржа работен состанок меѓу градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, Клиф Хамер, регионален советник за инфраструктура и животна средина при Швајцарската амбасада и Станислава Додева, претставник од СЕКО.

На работниот состанок се разговараше за сите активности кои досега беа спроведени и извршени, како и за тековните проекти.

Станува збор за проекти кои се финансирани од средства на СЕКО, Швајцарската агенција за развој и соработка, а се зададени на извршување на Општина Кочани.

Општина  Кочани