СТОЛЕ ЕФТИМОВ ДРЖАВЕН ШАМПИОН ВО БОРЕЊЕ ДО 97 КИЛОГРАМИ

Во Спорт
јануари 24, 2022
0 минути

Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка поддршка на БК „Бучим“, во Радовиш се одржа Изборното Државно Првенство во борење.

На првенството се појавија околу осумдесет борачи од речиси сите боречки клубови во Македонија.

Некогашниот борач на БК „Спартак“ од Кочани Столе Ефтимов кој моментно настапува за екипата на „Балканец“ од Штип во категоријата до 97 килограми го освои првото место. Ефтимов имаше импресивен настап на првенството, во трите борби извојува исто толку победи и сите со технички туш.

Со освојувањето на првото место Столе Ефтимов обезбеди пови за во репрезентацијата на Македонија за учество на Европското Првенство кое во месец Април ќе се одржи во Будимпешта (Република Унгарија).

С. Ивановски