РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ И ОПШТИНА ПЕРНИК

март 14, 2022
0 min read

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов оствари средба со градоначалникот на Општина Перник, Станислав Владимиров. Средбата беше одржана во општинската зграда на Општина Перник, Република Бугарија.

На одржаната средба двете страни разговараа за досегашните спроведени проекти, дел од нив од особено капитално значење, како што се водоводни, инфраструктурни и културни проекти.

Во текот на разговорот стана јасно дека проблемите на двете општини се слични и активно се бара нивно решение, а тоа се подобрување на квалитетот на воздухот, програмата за млади и решавање на проблемот со кучињата скитници.

Се разговараше и за можностите за меѓусебна соработка меѓу двете општини, а стана збор и за збратимување на општините Кочани и Перник.

Општина  Кочани