Комуналните служби од Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“ исчистија повеќе мали депонии на неколку локации во Кочани.
Со механизација на „Водовод“ отстранет е насобраниот смет под ѕидот на улицата „Тодосија Паунов“, во близина на Железничката станица.
Отстранети се и малите диви депонии на патот од Грдовци кон Прибачево.
На паркингот пред Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“, со поддршка на службите од ЕВН е израмнет насипот, а „Водовод“ ја санираше состојбата со отпадот.
Комуналните служби апелираат граѓаните да го исфрлаат отпадот во канти, соодветни контејнери и да придонесат во одржувањето на хигиената на јавните површини во градот и во населените места.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ