РАСПИШАН ОГЛАС ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО КОЧАНИ

ноември 9, 2023
1 минути

Општина Кочани го објави огласот за организирање Новогодишен базар по пат на јавно наддавање.

Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар, кои ќе уплатат 10 % од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. Почетната цена на јавното наддавање е 30 илјади денари, со  минимален праг на наддавање од 3 илјади денари. Јавното наддавање ќе се спроведе на 20 ноември 2023 г., во 12 ч., во просториите на Општина Кочани.

Новогодишниот базар ќе се одржи на целата парцела во Градскиот парк во Кочани, во периодот од 22 декември 2023 г. до 14 јануари 2024 г. Општина Кочани ќе го подготви  и ќе го украси просторот на кој закупецот треба да постави десет монтажни објекти и штандови изработени од дрво и плексиглас, наменети за продажба на храна, пијалаци, сувенири, ракотворби…

Искуството од досега организираните базари и хепенинзи во Градскиот парк во Кочани покажа  дека понудените културно-забавни содржини во соодветно оформениот празничен амбиент, се привлечни за граѓаните на Кочани и на регионот.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ