РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ОО НА СДСМ ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

мај 18, 2022
1 минути

Почитувани OO на СДСМ Чешиново – Облешево,

Очигледни се Вашите обиди за манипулирање со населението, не повикувате и барате одговор за објава за проект – Детско игралиште со реквизити и опрема во која јасно е наведено дека на 16.05.2022год., е потпишан Договорот за примопредавање на донација.

За Ваше запознавање со цел да не дозволиме се уште да ја манипулирате јавноста, искривувајки ја вистината и собирајќи ситни политички поени, Ви го пренесуваме договорот во целост. Со ова јавноста може да види кога е заверен и потпишан договорот и кој е потписник на истиот (во прилог).

Кога веќе споменавте „Наследени проекти“ појаснете ни кои се тие? Кажете им на јавноста што оставивте изминативе четири години? Кога рековте наследени проекти дали мислевте на финансиските долгови кои ги оставивте, блокираната и испразнета општинска каса или пак на извршните решенија кои се уште доспеваат? Дали Вашите проекти се финансиско уништување на општината и богатењето на поедини лица од Вашето раководство?

Кога веќе не повикувате да ги објавеме наследените проекти од Вас, јавно и транспарентно Ве информираме во продолжение:

– Блокирана општинска сметка со наследен долг од 3.417.611,00 денари;

– 9.474.499,00денари долг за наследен проект Канализациона мрежа во с.Бања;

– 8.363.536,00 денари долг за заем од Централен буџет за изградба на улици;

– 1.247.774 денари извршен долг од фирмата Турбоинженеринг ДООЕЛ Скопје за изградба на крак на канализационен систем во с.Соколарци;

– 1.605.101,00 денари долг од второ извршно решение;

– Седум неплатени месечни паушали на Советот на општината;

– 836.646,00 денари долг за изградба на ул.Александар Македонски во Чешиново и ул.Едвард Кардељ во Облешево;

– 485.758,00 денари долг за неплатена проектна документација и долг од 391.744,00 за неплатени геодетски елаборати;

– 758.026,00 денари долг за улично осветлување и многу други доспеани а неплатени обврски;

– Хаварисано службено возило;

– 802.120,00 денари долг кој од непознати причини прерасна во долг од 1.019.323 од кои:

* 784.621 денари за проект Реконструкција на селски чешми и

* 234.702 денари за Изградба на бунар со цевковод за подобрување на водоснабдувањето во с.Спанчево.

Наместо да не повикувате нас да одговориме за наследените проекти одговорете им на жителите на с.Спанчево која е причината за нефункционално изградениот нов бунар за водоснабдување поради што останаа без вода?

Кога веќе искажувате загриженост за работата на општината, јавно Ве покануваме Вас, раководството на OO на СДСМ Чешиново – Облешево на конструктивен работен состанок во општината. Отворени сме за соработка и можете да ни дадете предлог за реализација на наследените проекти од Вашето несовесно и неодговорно работење.

Како што би рекле Вие, вакво минато четиригодишно работење не се памети во историјата на постоењето на општина Чешиново-Облешево.

Општина Чешиново-Облешево

Градоначалник

Далибор Ангелов