Жители од „Монополски бавчи“ во писмена форма и со фотографии упатија барање до надлежните во општината да имаат исти третман како и жителите од централното градско подрачје при собирање на сметот.
Во дописот се вели:
„Ние жителите од улиците во населбата Монополски бавчи ја користиме можноста еве јавно да се обратиме до надлежните служби во општината а пред се до Директорот на Водовод Кочани се со цел да имаме исти третман како и жителите во централното градско подрачје. Од надлежните бараме да испраќаат што поредовно екипи за да се навреме празнат контењерите, да се одржуваат улиците и тротоарите онака како што личи. Со нередовното одржување се ствара дива депонија околу контењерите која и штети на сите жители од населбата. Ние исто како и останатите домаќинства од општината редовно ги измируваме нашите обврски кон Водовод и затоа бараме и тие редовно да ги реализира своите обврски, и да одговараат на нашите повици на телефон. Ја користиме можноста и ги повикуваме сопствениците на парцелите околу куќите и зградата редовно да си ги одржуват парцелите што не беше случај досега. Се надеваме дека сериозно ќе биде сфатен нашиот допис и контењерите редовно ќе се празнат од Водовод бидејќи се поставени на еден од влезовите на Кочани и оставаат грда слика. Во прилог со дописот доставуваме и фотографии кои јасно ја отсликуваат моменталната состојба.
Жители од Монополски бавчи
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ