РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НОВ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“

април 29, 2022
1 минути

По завршувањето на реконструкцијата на дел од улицата „Роза Петрова“ со крак, паркиралиште и тротоар, деновиве продолжи реконструкцијата на нов дел од улицата „Роза Петрова“, со протегање од улица „554“ до спој со крстосување со улица „Ристо Симеонов“ дел 1.

Реконструкцијата се реализира со проект финансиран од преостанати средства од кредит на Светска Банка преку МСИП, а изведувач е ВЕ-ГРУПА Дооел – Радовиш.

Во моментот се извршува фазата на орапавување на површината со паркиралиште од околу 3.000 метри квадратни.

Општина  Кочани