ВО НЕКОГАШНИОТ „ЈУГОТУТУН, ЌЕ СЕ ГРАДИ ЛИ БАЊОЛОШКИ ЦЕНТАР?

април 10, 2022
0 минути

Во тек се подготовките за реновирање на зградата на некогашниот „Југотутун“ во Кочани.

Извадена е веќе  комплетната столарија (врати и прозорци) што навестува дека зградата ќе се реновира и дека некој моќник ќе гради нешто ново.

Кружат приказни дека компанијата „КАМ“ ќе гради магацини во старата зграда, а дека е планирано во тој круг изградба на друга зграда и бањолошки центар кој исклучиво ќе го користи едно од богатствата на Кочани, топлата вода.

Граѓаните кои денес ни испратија фотографии и со кои контактиравме упатуваат јавен апел до советниците на Општина Кочани да бидат внимателни за што ќе се намени некогашниот „Југотутун“ и што и како ќе користи  евентуалниот бањолошки центар.

Време е сега да со дознае вистината за да потоа не биде се предоцна.

С. Ивановски