ИМА НАЈАВА КАДЕ СЕ ИСФРЛА ШУТОТ ОД ИЗГРАДБАТА НА МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛАТА?

ноември 14, 2023
1 минути

Од причина што во Кочани има многу загрижени за зачувување на природните убавини а и на самата екологија пред три седмици поставивме прашање „Каде се исфрла шутот од изградбата на мини хидроценнтралата на Мала река?“, прашање на кое до денес немавме конкретен одговор.

Еден наш сограѓанин инаку љубител на природата и еден од големите борци за зачувување на природните убавини направал едно истражување па дури ги фотографирал и камионите кои полни со камен, земја и исечени дрвја, наместо кон градот одат кон селото Јастребник и празни се враќаат во базара кај плацот каде моментно се стопирани работите за изградбата на мини хидроцентралата на Мала река.

Како што ни пишува следејќи го движењето на камионите дошол до заклучок дека сиот товар го исфрлаат таму горе некаде во горниот дел од течението на Мала река, поточно во долот, и притоа сигурно оштетувајќи го и оној преостанат убав дел од природните убавини на овој потег.

До кога природата ќе се уништува тој нам ни го постави прашањето на кое за жал ние немаме одговор.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ