РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ-ВИНИЦА ГО ОДБЕЛЕЖА 24 ОКТОМВРИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЛИОТО

октомври 24, 2024
1 минути

Да ставиме крај на полиото засекогаш !

Денес е Светскиот ден на полиото!

Светскиот ден на полиото се одбележува секоја година на 24 Октомври со цел да се подигне свеста за полиото и напорите за негово искоренување на глобално ниво. Воспоставен е од Rotary International за да го одбележи раѓањето на Јонас Салк, кој ја разви првата ефективна вакцина против полио во 1955 година.

Овој ден ги истакнува глобалните напори и борба за искоренување на полиото предводени од Глобалната иницијатива за искоренување на полио (GPEI), која ги вклучува Ротари, УНИЦЕФ, Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC), Светската здравствена организација (СЗО), Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и владите на светот, со поддршка од многу други партнери и амбасадори низ целиот свет. Тие се фокусирани на кампањи за вакцинација, надзор и застапување за свет без полио.

Полио, или полиомиелит, е високо заразна вирусна болест која првенствено ги напаѓа малите деца под 5-годишна возраст. Предизвикана е од полиовирусот, кој се пренесува преку контакт меѓу луѓе, често преку контаминирана храна или вода.

Во потешките случаи, вирусот навлегува во нервниот систем, што може да доведе до слабост на мускулите или акутна флацидна парализа.

Нема лек за полиото, но може да се спречи преку вакцинација !

Оралната полио вакцина (ОПВ) и Инактивираната полио вакцина (ИПВ) се двете главни вакцини кои играа клучна улога во намалувањето на глобалните случаи на полио.

Мисијата за искоренување на оваа болест е почната во 1988 година, откако Светското собрание за здравство донесе резолуција за искоренување на полиото.

Глобалната иницијатива за искоренување на полиото, заедно со своите партнери, помогна на земјите да постигнат огромен напредок во заштитата на глобалната популација од оваа болест. Како резултат на тоа, глобалната појава на полиото се намали за 99.9% од основањето на GPEI.

Проценето е дека 20 милиони луѓе денес можат да одат, а инаку би биле парализирани од болеста и повеќе од 1.5 милиони луѓе се живи, чиј живот инаку би бил згаснат.

Но борбата не е завршена. Полиото сè уште ги погодува децата во некои од најранливите делови на светот.

Сега останува задачата да се справиме со полиото во неговите последни упоришта и да ги елиминираме последните 0.1% од случаите на полио.

Ротари ја поддржува целта на Глобалната иницијатива за искоренување на полиото и тоа да се обезбеди дека ниту едно дете никаде повеќе нема да биде парализирано од кој било облик на полиовирусот.

Светскиот ден на полиото е време за членовите на Ротари, застапниците на јавното здравје и сите кои сакаат свет без полио да се здружат, да го признаат напредокот во борбата за ставање крај на полиото и да разговараат за акциите кои треба да се преземат за трајно искоренување на полиото.

Придружете ни се во борбата против полиото!

Донирајте сега и бидете дел од историјата во создавање. Да ставиме крај на полиото засекогаш!

Сите донации се помножуваат 2:1 од страна на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, триплирајќи го Вашиот ефект.

Вашата донација, без разлика колку е мала, може да помогне во испорака на вакцини до децата на кои им се најпотребни, помагајќи да се спречи трајна парализа и да се обезбеди поздрав, побезбеден свет за сите.

На овој посебен ден, можеме заедно да направиме разлика.

Линк за донација:

Ротари Клуб Кочани-Виница

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ