САНИРАН ДЕФЕКТОТ НА ЦЕВКОВОДОТ ОД СИСТЕМОТ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ВО КОЧАНИ

мај 5, 2025
0 минути

Жители од високата водоснабдителна зона во Кочани, неколку месеци се соочуваа со недостиг на вода.

КЈП „Водовод“ ја поправи пукнатата цевка што поврзува три бунара и ја носи водата до собирниот резервоар во Препумпната станица во Грдовци.

„Цевката не беше во функција и од тие три бунара се црпеа само 40 литри во секунда, или вкупно од целиот систем – само 200 литри во секунда. Со отстранувањето на  дефектот, којшто е настанат во средината на јануари, ќе се дистрибуира вода со вкупен капацитет од 240 литри во секунда. Со полнењето на целиот систем со вода, ќе се пуштат и сите препумпни станици низ Кочани, со што ќе се нормализира комплетното водоснабдување во Кочани“ соопшти в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски.

Крстевски додава дека со вредна и посветена работа се решаваат голем дел од  наследените проблеми кои се провлекувале подолг период.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ