Support Kocani ја обезбеди третата донација на компресивна облека во износ од 2.193.047 денари (35.555 евра). Средствата се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари.
Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи кои се корисници на компресивна облека. Овој пат се обезбедени вкупно 176 парчиња специјализирана компресивна облека.
Благодарност до секој поединец, компанија и пријател кој се вклучи со своја донација. Фолема благодарност и до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000.
Солидарноста и хуманоста се силата што нè движи напред!
Ваши, Support Kocani
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ