Започна асфалтирањето на новиот дел од улицата „Роза Петрова“, со протегање од улица „554“ до спој со крстосување со улица „Ристо Симеонов“ дел 1, односно површина со паркиралиште од околу 3.000 метри квадратни.
Реконструкцијата на улицата се реализира со проект финансиран од преостанати средства од кредит на Светска Банка преку МСИП, а изведувач е ВЕ-ГРУПА Дооел – Радовиш.ж
Претходно на улицата беа извршени подготвителните фази со орапавување на возната површина и беа променети околу 80 ивичњаци.
Општина Кочани