СЕ ЧЕКААТ ЛИ ПОГОЛЕМИ ГОРЕШТИНИ ЗА ДА ПРОРАБОТИ ФОНТАНАТА?

јуни 15, 2024
0 минути

Посетителите на кафулињата во Градскиот Трговски Центар од кои општината „дебело“ профитира со право реагираат по овие летни горештини.

Прашуваат дали надлежните чекаат температури околу 50˚ па да ја пуштат во употреба фонтаната, несомнено еден од најскапите проекти (доколку навистина тоа е проект) кој ја чинеше Општина Кочани.

Дека фонтаната е во очајна состојба по овие горештини тоа е факт, но факт е и напуштеното зеленило кое вода нема видено од последните дождови. Да иронијата биде поголема на посетителите им сметаат и некои неодговорни граѓани кои со скутери и мотоцикли се движат по мермерните плочи кои од ден на ден се повеќе се уништуваат.

Ако кафулињата и другите угостителски објекти се и те како добар извор на средства од кои се пополнува Буџетот на општината, тогаш и надлежните од општината треба да им возвратат на овие стопанственици чиј главен извор на приход им се нивните гости.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ