Членовите на „Ким Ко Инфо“ од Кочани предводени од Менторот Лилјана Јовановска, во текот на вчерашниот ден (Петок) во Културно информативниот центар – Скопјe ја примија пофалницата и наградата за репортажата „Желбата да бидеме новинари – инспирација за една репортажа „Се забавуваме, патуваме, истражуваме – низ очите на Ким Ко Инфо“, од распишаниот конкурс за најдобра медиумска содржина на Македонскиот институт за медиуми во рамки на Проектот „Младите размислуваат“ поддржан од УСАИД, МИМ, ИРЕКС, МОН И МОФ.
Наградите ги додели Џери Дајбл, директорката на УСАИД.
Благодарност до м-р Марија Петрова асистент на Архитектонскиот факултет – Скопје, која обезбеди макета на училиштето отпечатена на 3Д печатач која, заедно со друг рекламен материјал на „КиМ Ко – инфо“, беше подарена на директорката на УСАИД и на членовите од МИМ и ИРЕКС
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ