Механизација на КЈП „Водовод“ и на градежната фирма „Калина“, ангажирана од Општина Кочани, континуирано работи на создавање услови за почетните активности за затворање на депонијата во Кочани. Се оформува пристап за машините на изведувачот задолжен за затворање на депониите од проектот Регионален систем за управување со отпад во Источниот Плански Регион, кој треба да почне со работа в понеделник, 19 август. Едновремено се создава простор и за секојдневниот прилив на нов отпад што се исфрла на Градската депонија во Кочани.
Процесот на затворање на ѓубриштето во Кочани, како локација којашто го прибира отпадот и од трите соседни општини Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, ќе се одвива во неколку фази.
Според информациите од неодамнешниот состанок на градоначалникот Љупчо Папазов со заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска, претставниците задолжени за реализација на проектот од Министерството за животна средина и Министерството за финансии и избраните изведувачи за затворање на непрописните депонии, наскоро се очекува да биде распишан јавен повик за избор на изведувач на Регионалната депонија кај светиниколското село Мечкуевци. На оваа депонија ќе се преработува селектиран отпад од 18 општини, кој ќе се претвора во компост.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ