Во неделата натпреварувачите на Клубот за реален аикидо „НИКО“ – Кочани учествуваа на Државниот натпревар во боречката дисциплина „АИКИ – ДЕМО“ кој е во организација на Аикидо Федерацијата на Република Македонија..
Првенството се одржа во Битола во Будо центарот „Пелистер“, на кој учествуваа повеќе од 30 натпреварувачи во повеќе категории.
Седумте натпреварувачи од КРА „Нико“ освоивме 7 златни медали анивни носители се: Ангела Данилова, Стефан Гоцев, Лара Данилова, Лука Серафимов, Андреа Атанасова, Софија Гоцева и Сара Гоцева.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
