МЛАДИНЦИТЕ НА „БРЕГАЛНИЦА“ ОД ШТИП ПОДОБРИ ОД ВТОРОЛИГАШОТ

Во Спорт
февруари 10, 2022
0 минути

Второлигашот од Кочани продолжува со подготвителните натпревари. Денес, на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани по сончево и пријатно време за игра „Осогово“ и младинската екипа на „Брегалница“ од Штип ги одмерија силите.

Младинците на „штипските сини“ беа подобар противник и заслужено го совладаа второлигашот со 3:1 (1:1).

Вчерашниот и денешниот натпревар беа добра прилика за стручниот штаб на дело да ги види сите расположливи сили. Она што е добро на една седмица до почетокот на второлигашките натпревари да се подобри а недостатоците да се отстранат.

С. Ивановски