ШАМПИОНОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО БОРЕЊЕ ЌЕ СЕ РЕШАВА ВО КОЧАНИ

јуни 7, 2023
0 min read

Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Спартак“, во Недела во спортската сала на ООУ „Никола Карев“ во  Кочани ќе се одржи последниот турнир од Државното првенство во борење слободен стил и борење за жени во сениорска конкуренција.

На првенството право на настап имаат борачи родени 2004 година и постари, регистрирани со право на настап за 2023 година, како и борачи родени 2005 година со специјален лекарски преглед но не постар од шест месеци.

Мерењето започнува во 09:30 часот а борбите се закажани за во 11:00 часот.

Најголеми шанси за освојување на годинешното првенство, односно во промовирање на Шампион за 2022/2023 година имаат екипите на „Балканец“ и „Лирија“ но шанса да се вмешаат во борбата за титулата имаат и екипите на „Бучим“ и „Вардар.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ