ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“, ПОЗНАТИ ПОЛУФИНАЛИСТИТЕ

Во Спорт
јули 26, 2022
1 минути

По одигрувањето на денешните два четвртфинални натпревари познати се полуфиналните двојки во годинешното 50 издание на Илинденски Спортски Игри „Чешиново 2022“.

Во првиот натпревар „Соколарци“ со високи 10:1 (5:1) ја совлада младата и неискусна екипа на „Слога Виница“, додека во вториот натпревар „Осогово“ – „Академија Чешоново-Обклешево“ мораше ударите од белата точка да го дадат и последниот полуфиналист.

Во првото полувреме „Академија Чешиново-Облешево“ поведе со 2:1, но во вториот дела се разиграа играчите на тренерот Доминик Тенев и не само што успеаја да го изедначат резултатот на 2:2 туку создадоа и неколку зрели шанси за гол за да направат целосен пресврт. Сепак победникот беше решен од белата точка каде подобри изведувачи беа „академците“ кои ја визираа картата за полуфиналето.

Полуфиналните натпревари се закажани за време на викендот.

Сабота  17:30  „Соколарци“ – „Чифлик“

Недела  17:30  „Академија Чешиново-Облешево“ – „Карбинци.

С.  Ивановски