ШЕСТ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО РАДОВИШ

Во Спорт
октомври 19, 2024
1 минути

Радовиш беше домаќин на 5-тото издание на Меѓународниот турнир во борење „Трофеј шампиони боречки легенди 2024“.

Борачите на „Спартак“ имаа успешен настап со освоени шест медали од кои 1 златен, 4 сребрени и 1 бронзен, додека еден од натпреварувачите заврши на петата позиција.

Златниот медал се најде на градите на Даријан Павлев, сребрените завршија кај Павел Темелков, Јован Илиев, Мартин Цветков, и Беркај Билалов, додека со бронза се закити Филип Јакимов.

Петтото место го освои Андреј Јованов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ