ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ПОБЕДОНОСНИОТ ОД НА „ОСОГОВО“ ПРОДОЛЖИ И ВО НОВАЦИ

Во Спорт
септември 30, 2023
1 минути

Поп првата победа во годинешното првенство која играчите на „Осогово“ ја остварија на домашен терен против „Беласица“, победоносниот од продолжи и денес. Имено „жетварите“ со борбена игра успеаја да ја забележат и првата годинешна победа на страна, победена е екипата на „Новаци“ со 2:1 (1:0).

Играчките во „жолто-сини“ дресови денес се бореа за секоја топка. Играа пресинг уште на половината на домаќините што беше изненадување за нив.

„Осогово“ поведе во во 30’ со голот на Драган Паунов. Најпрвин Тоше Манов убаво се проби по левата страна, влесе во казнетиот простор на домаќините и рутинирано му асистираше на Паунов кој од 7-8 метри биеше неодбранливо во голот на неможниот Николче Симоновски.

Вториот погодок кочанчани го постигнаа во 64’, повторно по пробив на Тоше Манов по левата страна чија сега асистенција со деби гол во дресот на „Осогово“ ја круниса Лука Георгиев.

Домаќините го намалија резултатот во 73’, а стрелец на погодокот беше невовлечениот Стефан Јовановски.

Се на се добар резултат за „Осогово“ пред регионалното дерби против „Каменица Саса“ што е на програмата следната сабота.

Резултати од 7-мото коло:

„Новаци“ – „Осогово“  1:2

„Беласица“ – „Охрид“  0:1

„Каменица Саса“ – „Победа“  2:1

„Детонит Плачковица“ – „Башкими“  7:0

„Кожуф“ – „Тетекс“  3:4

„Караорман“ – „Беса“  0:2

„Вардар“ (Н) – „Пелистер“  0:1

„Скопје“ – „Аресими“  1:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ