За следната недела се закажани натпреварите од првото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Така одлучија претставниците на третолигашите на седницата на Трета Фудбалска Лига – Исток која изминатиот вторник се одржа во Кочани.
Десет екипи ќе се борат за првото место, но несомнено дека главен фаворит годинава е екипата на „Слога 1934“ која и финансиски и играчки е доста стабилизирана.
Од годинава во третата лига нови членови се Брегалница (Делчево), Хоризонт Турново (Турново) и Светлост (Зрновци) додека од минатогодишните членови на Трета Лига – Исток ги нема Рудар (Пробиштип) кој се повлече од натпреварувањето и Вардарски (Богданци) кој како шампион влезе во Втората Фудбалска Лига.
Во првото коло се среќаваат:
Дојранско Езеро – Хоризонт Турново
Карбинци – Ударник
Овче Поле – Светлост
Малеш – Слога 1934
Тиверија – Брегалница
Натпреварите започнуваат во 15:00 часот
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ