СЛОВЕНЕЧКИОТ АМБАСАДОР ПРЕСКЕР НА СРЕДБА СО В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕНКО КРСТЕВСКИ

мај 19, 2025
0 минути

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски денеска го прими во официјална посета словенечкиот амбасадор Грегор Прескер.

Крстевски изрази голема благодарност за лекувањето во Словенија на повредените лица во неодамнешната трагедија, како и за сета досегашна поддршка на Кочани, истакнувајќи дека Република Словенија е наш репер во многу области на дејствување.

Амбасадорот Прескер ги нагласи можностите за учество на претстојни повици за апликации и подготвеноста Словенија да помага за различни приоритети на Кочани.

Меѓу повеќето области и надлежности на Општината, в. д. градоначалникот Крстевски ги истакна спортот и културата коишто во наредниот период треба низ различни форми да бидат што подостапни за младите – за да можат тие да се задржат на нашиве простори.

Во знак на натамошна успешна соработка Крстевски му подари на амбасадорот Прескер дрес на ФК „Осогово“.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ