СЕДУМ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ – УЧЕНИЦИ ОД КОЧАНИ НА „ДРЖАВНОТО УЧИЛИШНО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ“

Во Спорт
март 14, 2025
1 минути

Во организација на Училишната Федераци на Македонија а со  техничка организација од Б.К,,Балканец”, денес во Штип во салата на ОУ „Тошо Арсов“ се одржа „Државното Училишно првенство“ во борење слободен стил за момчиња и девојчиња, ученици од основните учулишта во земјата.

На првенството зедоа учество околу 150 борачи/ќи ученици. Борачите на ,,Спартак” како претставници на училиштата од Кочани и освоија следните резултати:

Даријан Павлев – 1-во место до 68кг, (ООУ,,Никола Карев”);

Џејсон Горгиев – 3-то место до 57кг.(ООУ,,Никола Карев”);

Едис Билалов – 1-во место до 48кг. (ООУ,,Никола Карев”);

Славица Митев – 1-во место до 46кг.(ОУ,,СВ. Кирил и Методиј”);

Стојана Митева – 2-ро до 54кг.(ОУ,,СВ. Кирил и Методиј”);

Мартин Цветков – 3-то место до 52кг.(ОУ,,Св. Кирил и Методиј”);

Павел Темелков – 2-ро место до 75кг. (ОУ,,Раде Кратовче”); Анастасија Гушкова (ОУ,СВ. ,Кирил и Методиј”), Џебаир Демиров (ОУ,,Раде Кратовче”), останаа без пласман.

Учениците ги предводеше наставник:Иван Јанев, додека тренер:на екипата беше Зоран Сребренов а правдата на душекот меѓу повеќето судии ја делеа  и Игор Христов и Гоце Ангелов од Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ