ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

Во Спорт
април 23, 2022
0 минути

„ОВЧЕ  ПОЛЕ“  УБЕДЛИВО  ПРВ  ПО  ПРВИОТ  ДЕЛ

Се одиграа натпреварите од 5. коло во Трета Фудбалска Лига – Исток со што и заврши првиот дел од првенството.

Дерби натпреварот беше закажан во Свети Николе каде се сретнаа единствените две непоразени екипи во првите четири кола. Иако беше дерби на колото од дерби ниту „Д“. Играчите на „Овче Поле“ во една фуриозна игра ги декласираа „рибарите“ и ги почестија со седум голови во мрежата.

На другите натпревари „Рудар“ од Пробиштип стигна до втората победа а „Чешиново“ на кого му пресуди некогашниот негов играч Мирче Натков по поразот во Карбинци се „закова“ на последното место на табелата.

Резултати од 5. коло:

„Овче Поле“ – „Дојранско Езеро“  7:0

„Карбинци“ – „Чешиново 2015“  1:0

„Рудар“ – „Малеш“  1:0

По првиот дел од првенството „Овче Поле“ води на табелата со максимален број освоени бодови 15, по него следуваат „Дојранско Езеро“  12, „Рудар“ 7, „Карбинци“ 5, „Малеш“ 2, „Чешиново 2015“ 1.

С. Ивановски