СО ДОБРА И ЕФИКАСНА ИГРА ДА СЕ ЗАОКРУЖИ МИНАТОНЕДЕЛНАТА ПОБЕДА

Во Спорт
март 4, 2022
1 минути

За утре (Сабота) во 14:00 часот закажани се натпреварите од 18-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток. Според распоредот и местото на табелата сите пет натпревари се доста значајни за понатамошниот тек во првенството.

Во Кочани гостува екипата на „Кожуф“ која е во групата на екипи кои грчевито ќе се борат за освојување на шестото место во конечната табела. „Осогово“ во првите две пролетни кола одигра два сосема различни натпревара. Најпрвин во Кочани со доста бледа игра доживеа пораз од „Беласица“ за да во следното коло во Штип со доста голема борбеност го надигра „домаќинот“ „Пехчево“ и  дојде до трите посакувани бода. Шансата за три нови бода на контото на кочанчани е овде, само треба мудро и храбро да се одигра и бодовите да останат во Кочани.

Дерби на колото е сепак натпреварот во Прилеп каде домашната „Победа“ го пречекува хитот на пролетниот дел од сезоната „Беласица“.

Во Виница „Слога 1934“ го игра комшиското дерби со „рударите“од Македонска Каменица, натпревар кој ќе даде одговор на неколку прашања.

Двојки за 18-тото коло:

„Осогово“ – „Кожуф“

„Слога 1934“ – „Каменица Саса“

„Победа“ – „Беласица“

„Братство“ – „Детонит јуниор“

„Локомотива“ – „Пехчево“

Натпреварот во Кочани ќе го суди Јосип Бартон од Скопје а помошници ќе му бидат Изеири Вјолца (Гостивар) и Елена Соклеска Илиевска (Скопје).

С. Ивановски