Сабота (11.06.2026 година) со почеток во 17:30 часот со натпреварот „Соколарци“ – „Теранци“ се отвора годинешното 54-то издание на Илинденските Спортски Игри „Чешиново 2026“.
Осум екипи поделени во две групи ќе се борат да го освојат победничкиот пехар и наградата од 200.000 денари.
А група: Соколарци, Уларци, Теранци, Чешиново
Б група: Облешево, Кучичино, Чифлик, Жиганци.
Во пресрет на натпреварот гледачите ќе можат да го проследат настапот на Фолклорниот ансамбл „Китка“, по што Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Јорданчо Костадинов игрите ќе ги прогласи за отворени.
Финалето е закажано за Големиот Македонски празник Илинден а наградата за второпласираната екипа изнесува 100.000 денар.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
