Со интервенција на три возила и девет пожарникари потпомогнати со шест доброволци од Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани пожарот кој денес попладне избувна кај Вранинци е успешно ликвидиран.
Во пожарот кој бил пријавен во 12:30 часот причинета е материјална штета, изгорени се два хектари нискостеблеста шума и оштетени се три објекти кои не биле населени.
Благодарение на брзата интервенција не е дозволено проширување на пожарот кој можел да предизвика несогледиви последици.
Увидна екипа од Одделението за внатрешни работи – Кочани е присутна на самото место и ги испитува причините за пожарот.
Фотографиите се позајмени од страната на ДПД – Кочани
С. Ивановски